Seminarski i Diplomski Rad

 Bodrijar i Habermas - Postmodernizam (makedonski) 
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 20 | Nivo: Praven fakultet, Justinijan Prvi

Содржина
1. Вовед......................................................................................................................... 3
2. Жан Бодријар........................................................................................................... 5
3. Симулакруми и симулација.................................................................................. 7
4. Бодријар - разлика меѓу модерното и постмодерното општество...................................................................................................................... 9
5. Од интервјуто на Бодријар за РТС ……………………………………………. 11
6. Јирген Хабермас....................................................................................................... 14
7. Полемика за Хабермас............................................................................................ 16 8. Постмодернизам....................................................................................................... 17 9. Заклучок.................................................................................................................... 18
10. Користена литература........................................................................................... 20
1. Вовед
Постмодернизам е термин што се употребува во областа на филозофијата, уметничката и социјалната критика и во социјалната сфера, а ги опфаќа економијата, културата современата уметност, како научни дисциплини кои имаат свои одделни карактеристики на крајот од 20-от и почетокот на 21-от век. Во овој контекст влегуваат глобализацијата, фрагментирање на изворот, потрошувачката и комодизирање на знаењето. Многу филозофи, кои себеси се вбројуваат во рамките на еден модерен проект, го користат постмодернизмот со образложение дека ги задржуваат постмодернистичките идеи.
Јирген Хабермас, роден Германец, еден од претставниците на Франкфуртската школа, истакнува дека постмодернизмот е повторно оживување на против просветителските идеи. Станува познат по неговото дело "Структурни промени на јавноста ", во кое опишува како функционира јавноста или поточно за она како треба да функционира јавноста. Овој значаен труд на Хабермас е објавен во 1962 година.
Користењето на терминот "Постмодернизам" во критичката мисла и филозофијата се користи за да се создадат две групи на мислења.
- Едните мислат дека модерниот проект е комлетиран со анти фондациски идеи и дека задолжително мора да биде инкорпориран и истиснат со модерниот поим на критиката. На овој модерен проект работат Лиотар, Бодријар, Фуко и Џејмсон. Овие автори уверуваат дека постмодернизмот како состојба претходи на прифаќањето на постмодернизмот како таков.
-Другата позиција во филозофијата е модерната критичка теорија.Оваа теорија е тесно врзана со Јирген Хабермас, претставник на групата која дебатира дека модерниот проект не е завршен и универзалните вредности не може така едноставно да се предадат. Ова конотира на тоа дека постмодернизмот е последица на задржувањето на постмодернистичките идеи.
Жан Бодријар, познат француски социолог, критичар и теоретичар на постмодерната, дете на јавни службеници, во младоста бил под влијание на Алжирската војна од 50-тите и 60-тите години на 20-от век. За време на мајските студентски протести во 1968 година бил активен учесник, како претставник на француската левица со која се поврзал за време на францускта интервенција над Алжир. Со воведувањето на семиолошката теорија и анализата на доминацијата на знаците и системот на објекти Бодријар на посебен начин отишол понапред во критиката на тогашниот модел на оппштествениот живот презентирана во Франкфуртската школа.

---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturski.org 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]

 

 

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!